Победникот на парламентарните избори во Словенија и идниот премиер Роберт Голоб изјави дека сака што поскоро да формира нова влада, а разговорите со партнерските партии ќе започнат утре.
Неговото Движење Слобода при формирањето на владата смета на сојуз со социјалдемократите на Тања Фајон, но и на Левицата на Лука Месец и оти би сакал во идната влада да вклучи две партии од левиот центар кои не го поминаа изборниот праг за освојување на пратеничко место во новиот парламент, а тоа е Листата на Марјан Шарец и Партијата на Аленка Братушек.
Голоб вели дека неговата цел е да создаде влада од луѓе кои се професионални и квалитетни, без разлика на нивната партиска припадност.
Ние не сме класична партија туку движење и затоа немаме партиска дисциплина ниту имаме намера да ја применуваме. Поединците ги оценуваме според нивната стручност и знаење, а членската книшка нема да биде услов за функции, рече Голоб.
