Вести Ковид19 Свет

Исклучително зголемен бројот на смртни случаи од Ковид во Шангај, кој еден месец е во „локдаун“

Зголемен е бројот на смртни случаи кај заразените со Ковид во последните неколку дена во Шангај, кој речиси еден месец е во целосна изолација. Ова го покажуваат податоците што денеска ги објави Градската комисија за хигиена и здравје.

Во текот на изминатите 24 часа во мегаполисот починале 51 лице со позитивен тест на Ковид, а ден претходно властите пријавија уште 39 смртни случаи. Вкупно 138 луѓе починале од компликации на коронавирус од избувнувањето на епидемијата во Шангај. Меѓу нив има и целосно вакцинирани и невакцинирани. Речиси сите починати се постари лица, на возраст од 70 до 101 година.

Во официјалните изјави, властите го наведуваат коморбидетите – постоење на различни хронични болести при инфекција со коронавирус како директна причина за смрт. Официјалната статистика покажува дека смртните случаи почнале три недели од почетокот на целосната блокада на градот, која започна на 28 март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе