Документарни Спорт Фудбал

ОДБРОЈУВАЊЕ ДО КАТАР – ДОКУМЕНТАРЕН СЕРИЈАЛ ЕКСКЛУЗИВНО НА ТЕЛМА ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

Ексклузивно на Телма секој викенд  „Одбројување до Катар“, серијал на документарци посветени на подготовките , репрезентациите , фудбалските звезди, главните фаворити за освојување на светското првенство кое почнува во ноември во Катар. Часовникот отчукува…

Дали моќната Франција ќе ја одбрани својата круна?

По четири разочарувања, последна шанса за слава на еден од најголемите на сите времиња  – аргентинскиот ас Лионел Меси.

Дали по освојувањето на Копа Америка минатата година, Меси може да се надева и на титулата која му недостасува – светски шампион во фудбал?

Триколорите се актуелен светски првак на ФИФА од 2018-тата година. Дали Франција може да биде првата земја во последните 60 години која два пати по ред ќе стане светски шампион?

Селекторот Дешамп на располагање има тим без слаби алки, Лорис, Варан, Канте, Бензема, Погба, Мбапе, Гризман…и бројни други неверојатни играчи.

Безброј индивидуални ѕвезди, но и моќно заедништво, кое сепак ќе мора да се докаже на теренот.

ВО ПРВАТА ЕПИЗОДА од „Одбројување до Катар“ гледаме детали и за дизајнирањето на амблемот на Светкото првенство во оваа арапска држава како и сторија за еден од најдобрите фудбалери на домашната репрезентација, Алмоез Али.

ОДБРОЈУВАЊЕ ДО КАТАР – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ДОКУМЕНТАРНИОТ СЕРИЈАЛ НА ТЕЛМА!

ПРВИТЕ ДВЕ ЕПИЗОДИ СЕ ЕМИТУВААТ НА ПРОГРАМАТА НА ТЕЛМА ВО 16.10 ЧАСОТ НА 23-ТИ И 24-ТИ АПРИЛ!

Одбројување до Катар – 4 епизода (16:10 на 01.05.2022.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

ГЕЈМИНИГ, ДИГИТАЛНА РЕВОЛУЦИЈА – понеделник, 31 март 2025 – 19:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе