Вести Македонија Топ вести

Јетон Шаќири: Од штрајкот губат сите, со преговори ќе дојдеме до решение за платите на наставниците

Со прекин на работата во чувствителна дејност како што е образованието, губат сите- и децата , и наставниците и државата. И тоа се ненадоместливи загуби, рече министерот за образование Јетон Шаќири при гостување на телевизија Алсат- М , во врска со штрајкот на СОНК кој трае веќе трет ден.

Според министерот , став и на владата и на Министерството за образование е дека треба да се зголемат платите на наставниците и дека низ преговори треба да се утврди најдобриот начин за тоа.

Да мислевме дека платите не треба да се зголемат , ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК и ќе ги прекиневме преговорите. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме дека се боревме за опстанок, само да го заштитиме здравјето, изјави Јетон Шаќири- министер за образование и наука.

Според министерот за образование сега се прават буџетски анализи за што побрзо да се одговори на барањето на СОНК и дека со измените на Законот за минимална плата сите што добиваат плата под минималната треба да се израмнат со неа, а по усвојување на минималецот , во рок од 6 месеци треба да се усогласат и останатите плати.

Нашиот ангажман е ова да биде што поскоро реално. Тоа зависи од буџетските сретства што ни се на располагање. Бараме системско решение . Ако минималната плата во 2023 година биде да речеме 20 илјади денари, според тоа решение да се зголемуваат платите.Дискутираме за оваа можност во наредниот период, вели министерот Шаќири.

Членството на СОНК штрајкува од почетокот на неделата поради непостигнатиот договор со владата, на две средби, за пораст на платите на наставниците во основното и средното образование и на воспитувачите во градинките, согласно зголемената минимална плата. Поради тоа настава скоро и да нема во училиштата, а децата во градинките само се згрижуваат од заменски кадар.

СОНК бара од владата да им ги зголеми платите за 18, 4 насто, а од таму велат дека таквиот пораст ќе го оптерети буџетот и ќе ја зголеми инфлацијата која ќе ги „изеде“ и зголемените плати. Од владата повторуваат дека се отворени да продолжи дијалогот со СОНК, но за сега нема најава за можна средба денеска меѓу двете страни.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе