Вести Ковид19 Свет

САД наредија дел од конзуларниот персонал да го напушти Шангај

Стејт департментот на САД во понеделникот им нареди на сите непотребни владини службеници да го напуштат конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот.

Во петокот, Стејт департментот објави дека персоналот кој не е нужно може доброволно да го напушти конзулатот. Не се знае зошто заминувањето на овие вработени стана задолжително.

Најконтроверзната практика во Шангај е да се одвојат децата позитивни на Ковид од нивните родители. Оттогаш властите направија неколку отстапки.

Стејт департментот во соопштение го наведува ризикот децата да бидат одвоени од нивните родители.

Шангај се бори со најлошата епидемија на Ковид-19 откако вирусот се појави во Вухан кон крајот на 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе