Вести Свет Топ вести

САД ја предупредија Индија да не се приближува до Русија

Главниот економски советник на претседателот Бајден рече дека САД ја предупредиле Индија дека не сакаат земјата премногу да се доближи до Русија.

„Нашата порака до индиската влада е дека трошоците и последиците од преминувањето кон поексплицитно стратешко партнерство со Русија ќе бидат значајни и долгорочни“, изјави за новинарите во средата директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Брајан Дис.

„Сигурно има области каде што сме разочарани од одлуките на Кина и Индија, во контекст на инвазијата“, додаде тој.

Индија одби да воведе санкции кон Русија. Земјата, која САД ја гледаат како спротивставена кинеска моќ во Азија, е најголемиот увозник на руско оружје, според Блумберг.

Веста, според Си-Ен-Ен, доаѓа откако заменик-советникот за национална безбедност на САД, Дејп Синг, беше во официјална посета на Индија минатата недела.

„Она што Дејп им го кажа јасно на своите колеги за време на оваа посета е дека не веруваме дека е во интерес на Индија да го забрза или зголеми увозот на руска енергија и други стоки“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки по враќањето на Синг оваа недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе