Вести Свет

Орбан го нарече Зеленски противник

Унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан прогласи победа на парламентарните избори во неделата, велејќи дека ја бранел „слободата и суверенитетот на Унгарија“ со својата партија Фидес.

Опкружен со водечки партиски членови, Орбан  рече дека победиле на изборите и покрај сите лоши изгледи.

„Постигнавме победа толку голема што може да се види дури и од Месечината“, рече тој.

„Ги одбранивме суверенитетот и слободата на Унгарија“

Прелиминарните резултати по 98 отсто пребројани гласови на националните партиски листи покажаа дека партијата Фидес на Орбан води со 53,1 отсто од гласовите, наспроти 35 отсто за шестпартиската опозициска алијанса на Питер Марки-Зај. Фидес има предност и во 88 од 106-те изборни единици во кои се избира по еден пратеник.

Во својот победнички говор Орбан го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и бирократите од Брисел, нарекувајќи ги „противници“, пренесува Би-би-си.

Унгарија ја дели границата со Украина и досега примила повеќе од половина милион бегалци. Орбан инсистира да им помага на луѓето, но одбива да испорача оружје на Украина. Тој тврди дека на тој начин ја држи Унгарија надвор од војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Добредојде“ со грешки: Отстранет билбордот на влезот во Скопје

Igor Trajkov

И партиите бараат виновници, но не ги гледаат во своите редови

Igor Trajkov

Здравствените власти ќе прогласат епидемија во Гостивар

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе