Градоначалничката на Мотижина, општина која се наоѓа на 50 километри од Киев, е убиена во класична егзекуција со нејзиниот сопруг и синот, изјави жител за Асошиетед прес.
Според Асошиетед прес, Олха Сукенко и нејзиното семејство биле застрелани и фрлени во јама во шумата зад три куќи каде што спиеле руски војници. Четвртото тело сè уште не е идентификувано.
Беше објавено дека градоначалничката и нејзиното семејство биле киднапирани од Руси на 23 март и однесени во непознат правец.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
