Вести Македонија Топ вести

Пописот го потврди масовното иселување на младите

Пописните резултати неумоливо потврдија: младите луѓе масовно си заминуваат од државата. На Пописот во 2002-та, лицата на возраст од 15 до 29 години сочинувале 23,8 одсто од вкупното население, а во 2021 се 5 одсто помалку. Трендот на „стареење на нацијата“ е забележлив и во урбаните и во руралните средини: во Ново Село има само 13 одсто младо население, во Дебарца 13,5, но и во Центар има само 13,2 одсто. За истражувачот Блажен Малески, овие податоци се загрижувачки.

Иако првенствено им се посветија на прашањата поврзани со националната и религиската припадност, политичарите признаваат дека акцентот треба да се стави на демографските движења.

Првичните реакции на Пописот не го увериле Малески дека политичарите ги научиле лекциите. Потсетува дека државата нема никаква стратегија за да ги задржи новите генерации.

„Податоците од пописот се презагрижувачки“, реагира и Клубот за младински прашања и политики. Координаторката Моника Зајкова најавува дека наредната недела во Собранието ќе организираат расправа на оваа тема – за да ги разбудат сите институции и да ги предизвикаат да размислуваат за инвестиции во образованието, младинско претприемништво, развој и brain gain стратегии.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бурнам ја потврди британската поддршка за Украина на средба со Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Двајцата преживеани ги идентификуваа телата на петте загинати планинари – наскоро ќе бидат транспортирани од Русија во БиХ

Дејан Дејан

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе