Вести Свет

Зеленски им ги одзеде чиновите на двајца генерали: „Сега немам време да се занимавам со предавници“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајцата генерали, додавајќи дека „нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина“ и дека „ја прекршиле воената заклетва за верност кон украинскиот народ“.

Зеленски рече дека еден од генералите, Андреј Олехович, бил шеф на внатрешната безбедност во СБУ, главната разузнавачка агенција, додека другиот, Криворучко Серхи Олександрович, бил шеф на СБУ во Херсон, првиот поголем град што паднал во рацете на Русија.

Украинскиот претседател двајцата сега поранешни украински генерали ги нарече антихерои.

„Одлуката е донесена за анти-херои. Сега немам време да се занимавам со предавници. Но, со текот на времето, сите ќе бидат казнети“, рече Зеленски.

„Случајните генерали не припаѓаат овде!“, додаде тој.

Не се соопштуваат други детали за генералите или нивната судбина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе