Вести Свет Топ вести

Топ Тема – Три можни сценарија на крај од руската инвазија на Украина

Генерално во опција се три сценарија, изјави во вечерашната Топ Тема, аналитичарот и поранешен разузнавач и заменик министер за надворешни работи, Зоран Петров, на прашањето како ќе заврши руската воена инвазија на Украина.

„Едното е да се преговара, откажување од НАТО, денацификација , демилитаризација и воена неутралност и да се разговара за статусот на Донбас, двете независни републики. Ова е сценарио кое претставува пораз на Путин. Второто е поделба на Украина, по должината на реката Дњепар, нејзина елиминација од излез на море. Поделба на два дела, тоа е сценарио кое е пораз на Украина и со кое државата ќе влезе во долгорочна дестабилизација, доаѓање на екстремни политички структури и извоз на дестабилизација во цела Европа. Третото сценарио кое исто така има потенцијал да се реализира бидејќи делови од него веќе гледаме. Тоа е водење војна до исцрпување. Водење војна до исцрпување на двете страни, бидејќи тогаш ќе се реализира една прикриена цел на Путин. Една од можните цели е дестабилизација на континентот, бидејќи веќе се појавуваат поделби во Европската Унија. Очигледно е дека веќе има дисонантни тонови во ЕУ за воведување на 5-ти пакет на мерки против Русија“ – вели Петров.

„Гледаме дека работите одат поинаку. Дека Украина е преземена во клешта, под притисок е на север и долу на југот на земјата и најверојатно таа клешта некаде ќе треба да се затвори. А ако се затвори, ќе се затвори најверојатно од левата страна на Дњепар“ – изјави новинарот Мирче Адамчевски.

Тоа би значело поделба на Украина, што би било катастрофален исход и излегување на Русија на границата со Молдавија.

Мислам дека најблиску се оние кои што велат дека Русија ќе се задоволи со контрола на Крим, на Донбас и делот од Мариупол, Херсон, Одеса, вели Адамчевски.

Двајцата гости во Топ Тема го потенцираа и стратешкото значење на Мариупол, Украинското пристаниште на Азовското море, каде се водат најжестоките борби , затоа што со негово освојување Русија ќе си обезбеди директна врска по земја меѓу Крим и регионот Донбас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе