Вести Свет Топ вести

Борисов излезе од притвор и се пожали на враќање на комунизмот во Бугарија

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, излезе вечерва од притвор, откако заврши 24 часовниот временски период во кој беше задржан во полиција. Видно нервозен тој даде куса изјава за медиумите, во која однесување на владата на премиерот Кирил Петков, го оцени како враќање на комунизмот во Бугарија.

„Брутално…гадно…Не вратија во комунизмот.Синоќа, вечеравме со децата, дојдоа и цивилни и униформирани лица. Ја растурија целата куќа. Никакво обвинение, ништо“ – изјави Борисов.

Тој изрази и загриженост дека наредниот пат може и да биде убиен.

Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и советничката за медиуми на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Од бугарската полиција информираат дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот и правата на лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија.

Повеќе десетици симпатизери, речиси целото раководство на партијата ГЕРБ, младинската организација и членови на пратеничката група беа пред зградата на полицијата, кога излезе поранешниот премиер на Бугарија.

Премиерот на Бугарија,  Кирил Петков на Фејсбук го искоментира тоа што се случува со зборовите: „Никој не е над законот“.

Актуелниот министер за финансии, Асен Василев, изјави дека властите работеле врз основа на информација од бугарскиот бизнисмен во азил, Васил Божков, чиј лукративен бизнис со лотарија бил национализиран 2020-тата година.

Врз основа на неговите информации, финансиските инспектори собрале докази за неверојатни 280 милиони долари кои наводно не завршиле во државниот буџет, за што се одговорни Борисов и поранешниот министер за финансии.

Приведувањата следуваат откако главниот европски обвинител, романката Лаура Ковеси, при посетата на Бугарија, соопшти дека европските обвинители отвориле 120 истраги за измама во Бугарија поврзани со европските пари за јавни тендери, субвенции во земјоделството, градежната индустрија и средствата доделени за справување со пандемијата корона вирус.

Бескомпромисната Ковеси апелираше до бугарските власти да се здружат со евроспските обвинители, вклучувајќи и за некои од најчувствителните случаи.

Борисов, кој три пати беше премиер на Бугарија во периодот од 2009-та до 2021-та година, поднесе оставка откако партијата на актуелниот премиер, Кирил Петков, „Продолжуваме со промената“ победи на изборите минатата година со ветување дека ќе се бори против широко раширената корупција во земјата која го блокираше патот на Македонија кон Европската Унија.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе