Вести Свет Топ вести

ФОТО: Вака изгледа театарот во Мариупол пред и по нападот

Локалните власти во Мариупол објавија дека руските сили го погодиле градскиот театар за време на бомбардирањето. Според изјавите на Градскиот совет, цивилите се засолниле во театарот. „Руските сили намерно и цинично го уништија Драмскиот театар во срцето на Мариупол“, соопшти Градскиот совет на Твитер.

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов, изјави за Би-Би-Си дека таму имало меѓу 1.000 и 1.200 луѓе. Зградата на театарот се наоѓа во центарот на градот, а градскиот совет не можеше да го потврди бројот на жртвите.

Снимките од разурнатиот театар почнаа да пристигнуваат вчера попладне.

Шефот на регионалната администрација на Доњецк, Павло Кириленко, на Фејсбук објави фотографија од театарот во Мариупол. Тој пишува дека е невозможно да се утврди бројот на жртвите.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во текот на ноќта објави фотографии од театарот пред и по рускиот напад.

 

Пред театарот пишува „Деца“.

На сателитската снимка објавена од американската компанија Максар, направена пред два дена, се гледа рускиот збор „деца“ напишан со големи бели букви на предната и задната страна на театарот во Мариупол.

Локалните власти велат дека театарот бил користен како засолниште за стотици цивили пред да биде бомбардиран од руските сили денес. Руското Министерство за одбрана тврди дека нивната армија не го гранатирала театарот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе