Вести Ковид19 Македонија

Вакцините и прележаниот Ковид помогнаа против тешка форма на болест, анализира Комисијата за заразни болести и бара нов начин за утврдување епидемиолошки ризик

Новата методологија што ја предлага Комисијата за заразни болести за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик ќе се темели на три индикатори за период од последни  седум дена:  бројот на новооткриени случаи и бројот на хоспитализации на 100 000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети. Епидемиолошкиот ризик, според предлогот на Комисијата, ќе се класифицира како низок, среден или висок и за секоја од проценетите состојби ќе има  сет мерки.

Комисијата во соопштение објасни дека  со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми.

-Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.  Според овие параметри, се предлага епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките, соопшти Комисијата за заразни болести.

Зошто учениците ќе продолжат да носат маски на часови?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе