По светската и Европската пливачка асоцијација ги прифати препораките на Интернационалниот олимписки комитет и реши да им забрани настап на натпреварувачите од Русија и Белорусија.
Одлуката за суспензија на двете национални асоцијации била донесена на состанокот на Извршниот комитет и пливачите од Русија и Белорусија немаат право на учество на сите натпреваувања кои ги организира ЛЕН. Покрај забраната за настап Европската федерација реши и да ги суспендира сите митинзи кои требаше да се одржат на територијата на двете земји.
