Останато Спорт

CAS и дозволи на Валиева да се натпреварува во Пекинг

Спортскиот арбитражен суд денеска реши руската лизгачка, Камила Валиева да настапи на Олимписките игри во Пекинг.

Во образложението на одлуката стои дека постои сериозно нарушување на процедурата околу објавувањето на резултатот од тестирањето и дека постои сомневање за лошо темпирање на времето кога се соопштено дека Валиева е позитивна на недозволена супстанција.

Решението е дополнително објаснето со фактот дека оневозможувањето на Русинката да настапи во Пекинг пред темелно да се испита целиот случај може да и нанесе непоправлива штета.

Со оваа одлука дефинитивно е одбиена жалбата на Интернационалниот олимписки комитет и Светската анти-допинг агенција која бараше суспензија за Валиева поради користење стимулативни средства.

Валиева беше позитивна на супстанцијата Триметазидин, а примерокот бил земен на 25 декември, но се доцнеше со објавувањето на резултатот. Обично тоа се соопштува за дваесетина дена, а во случајот на руската лизгачка тоа беше направено две недели подоцна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе