Вести Македонија Топ вести

Фрлани јајца и искршена врата на куќата во која се доселија припадници на еврејската група во Куманово

Сакаме да се чувствуваме безбедно но луѓето доаѓаат тука и фрлаат врз нас- изјави за Телма еден од припадниците еврејската религиозна група Лев Таор кои се сместени во две куќи во Куманово. Врз едне од објектите синоќа биле фрлани јајца и тврди предмети, а траги од тој напад на локалното население се уште имаше и утрово.

Траги од фрлени јајца се уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово. Синоќа поголема група млади се собрача пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот, сведочеа за Телма, дел од соседите кои не сакаат да дадат изјава пред камера. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена. Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на Телма. Првото прашање е дали се чувствуваат безбедни.

Припадник на групата Лев Таор: Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и..

Телма: Што планирате во иднина. За утре?

Припадник на групата Лев Таор: За утре. Што планираме. Јас разбирам да не не сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…

Телма: Каде бевте претходно, вистина ли е дека сте биле во Босна?

Припадник на групата Лев Таор: Да. Мислам дека е подобро да направите интервју со Уриел по телефон. Ви благодарам.

Бројот кој ни го дадоа за да контактираме со Уриел Голдман беше исклучен.

Бројот беше со националната ознака на Гватемала. Според полициските информации, дојденците стигнале во Куманово во четвртокот попладне. Пријавиле престој со своите американски, канадски и гватемалски пасоши. Проценката која ја правеле службите е дека не се опасност по националната безбедност.

Сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата. Еден од нивните водачи Голдман тврди дека е во Канада и за Телма преку Ватсап комуникација потврди дека се припадници на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.

Во САД дури имало и истраги за злоупотреби на деца и заробување, но Голдман во разговорот по Ватсап тврдеше дека се мирољубиви и дека живеат според традиционалните еврејски религиозни правила.

Се облекуваат традиционално што предизвика непотребна вознемиреност во Куманово, па дури и напади и малтретирање на мажите кои се сместени во една куќа.

Од полицијата во Куманово ни одговорија дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.

Миомир Серафиновиќ

Сузана Андоновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе