Македонија Топ вести

Ѓоргиев: Да се замрзне работата на мешовитата комисија додека не се релаксира политичката атмосфера

Македонскиот копретседател на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, вели дека нема ништо против да се замрзне работата на комисијата додека не се релаксира политичката атмосфера во двете држави. Во гостувањето на вечерашната Топ Тема на Телма, Ѓоргиев рече дека замрзнувањето на работата на комисијата на одреден период не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе за другите работи меѓу Македонија и Бугарија да тргнат напред.

Доколку во овој момент историската комисија прави проблем на патот по кој се тргнати двете влади, да се релаксира политичката атмосфера, јас би бил согласен работата на комисијата да се замрзне. Година, две, да се замрзне работата на комисијата бидејќи повторно е чуството дека таа комисија создава проблеми преку препукувањата наши во јавноста. Ако навистина се сака да се постигне некаков напредок меѓу Македонија и Бугарија на сите други нивоа, тоа и не би била толку страшна одлука, бидејќи ние 70 години сме во историографски конфликт со Бугарија. Година или две замрзнување на работата на оваа комисија не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе да тргнат другите работи напред, рече Ѓоргиев.

Копретседателот на мешовитата комисија исто така рече дека одлуката за заедничко честување на Гоце Делчев, меѓу Македонија и Бугарија е политичка, и комисијата нема никаква улога во нејзиното носење. Ѓоргиев таа одлука ја гледа како гест на добра вољја, од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји. Неговиот став е да се остават на страна прашањата за заедничките чествувања, се додека не се создаде поинаква политичка атмосфера.

Јас овој политички гест го гледам како добра вољја, како политичка вољја на двете држави да ја релаксираат полтичката атмосфера во двете држави, во однос на тие најчуствителни, горливи теми кои постојат. Меѓутоа сметам дека треба на извесен начин да биде информирана и јавноста, дека наспороти тоа што комисијата сѐ уште дискутира, и не може да најде решение за тоа заедничко честување на Гоце Делчев, политичарите, владите на двете држави како гест на добра вољја носат одлука заеднички да го чествуваат и го прават тоа. Меѓутоа не е дека тоа е некаква одлука и дека во тоа е вмешана и комисијата. Тоа е чисто политичка одлука на владите на двете држави, меѓутоа морам да кажам дека комисијата овде нема никакво учество во таа одлука и комисијата продолжува да дискутира за Гоце Делчев, рече Ѓоргиев.

Вели дека комисијата веќе две години работи на усогласување на еден текст, кој се однесува на Гоце Делчев, и во кој треба да бидат претставени идеите зошто двете држави би требало да го слават Гоце Делчев и зошто е важен за двете општества.

Тоа би било само едно решение, еден предлог од комисијата за тоа на кој начин може да се претстави Гоце Делчев во двете општества, тоа не е решавање на историографскиот спор меѓу македонската и бугарската историографија. Дебатите за Гоце ќе продолжат, комисјата не е цензорско тело кое ќе каже од денес Гоце Делчев припаѓа само на една држава, вели Ѓоргиев.

Во однос на постојаните спомнувања на евентуалната зедничка историја, и од двете страни, Ѓоргиев тврди дека таа синтагма е употребена и во Договорот за пријателство и добрососедство. Фактот што таа таму не е прецизно дефинирана, вели Ѓоргиев,  ѝ дава слобода на бугарската страсна да ја толкува со исклучиво етничка содржина.

Според бугарските колеги заедничка историја значи историја на еден народ, односно на бугарскиот народ од 9 век до 1944 година, кога со формирањето на Народна Република Македонија, во рамките на Федеративна Југославија, беше преку ноќ создаден Македонскиот народ, според нивното толкување. Бугарската страна го следи концептот на нација, на историска нација чие формирање започнало во 9 век со, како што тврдат они, трајна етничка хомогенизација на прабугарското население и на словенското население на територијата на првото средновековно бугарско царство. Тогаш е создаден бугарскиот народ и тој континуитет на бугарскиот народ продолжува до 1944 година и на територијата на Македонија, и затоа тие заедничката историја ја сметаат како историја само на еден народ, т.е на Бугарскиот народ. И се разбира ние дојдовме во остар конфликт со нив околу тоа, бидејќи ние не го прифаќаме таквото толкување на таа синтагма, рече Ѓоргиев.

Вели дека историографијата како наука развила неколку концепти преку кои можат да се објаснат допирните точки меѓу две задници, две држави, две култури, а тоа се термините кои се користат во историографијата како испреплетена историја, споделена историја, заедничка историја.

Значи ние можеме да зборуваме за заедничка историја, јас би рекол во рамките на пример на Османлиската империја. Ние имаме заедничка историја со сите народи на Балканот кои биле во рамките на таа империја, бидејќи сме живееле во исти оппштествени услови, наслението имало еден владетел, плаќале исти даноци, и сето тоа го прави заедничкото живеење на едно население. Во таа смисла имаме заедничка историја и со поранешните народи на Југославија. Се разбира во рамките на сите тие заедници постои посебна микро историја, микро култура, фолклор на сите заедници, меѓутоа не можеме да кажеме дека немаме заедничка историја со сите народи кои беа во рамките на таа заедница. Меѓутоа да се тврди дека постои заедничка историја на еден етникум, односно на Бугарскиот народ од 9 век до 1944 година, и дека тоа е заедничка историја само на еден народ, тогаш тоа е научно неодржливо и едноставно неприфатливо, рече Ѓоргиев.

Ѓоргиев вели дека разговорите во комсиајта мораат да продолжат, како дел од процесот на дијалог меѓу двете држави со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ.

Историската комисија е еден дел од тој процес, и тогаш не постои друг начин освен да се продолжи со дијалогот. Ние се трудиме да биде што понезависен од политиката и на што повисоко научно ниво. Мора да се запази рамноправноста и достоинството на двете страни, рече Ѓоргиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничени се три лица од Тетово поради сомневање за украдени 600 илјади евра од ФЗО

Дејан Дејан

УКИМ во 2019 година на 1814 место, оваа година на 1990 место на листа најдобро рангирани светски универзитети

Дејан Дејан

ДИК одлучи: Ќе се прегласува на избирачки места во Охрид и Крушево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе