Ковид19 Македонија Топ вести

Нов рекорд на новозаболени во еден ден, регистрирани 2.341 позитивен случај на Ковид-19

2.341 позитивен на Ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа, што претставува нов рекорд на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата. Министерството за здравство информираше дека биле направени 6.193 тестови, а безмалку половина од позитивните случаи се регистрирани во Скопје, 1.146, потоа следува Битола со 185, Куманово 101, Велес 92, Тетово 74 и Прилеп 72.

Пријавени се 21 починато лице, од кои десетмина се од Скопје, по две починати лица има во Тетово и Велес, и по едно лице во Гевгелија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Македонска Каменица, Охрид и Струмица.

Согласно регистарот на умрени лица од Ковид-19 од Мој термин, пријавено е уште едно починато лице со датум на смрт на 19 јануари.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти да исполнат пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе