Вести Македонија Топ вести

Се чека Бугарија да ги формира работните групи кои треба да да ја засилат соработката меѓу двете земји

Македонија е подготвена во наредниот период да го интензивира дијалогот со Бугарија. Ова, во телефонски разговор, му го кажа претседателот Стево Пендаровски на неговиот бугарски колега Румен Радев, соопштија од Кабинетот на претседателот. Во меѓувреме, пред одржувањето на заедничката седница на македонската и бугарската влада, се очекува Бугарија да ги формира работните групи кои ќе работат на подобрување на заедничката соработка.

Се чека Бугарија да ги формира работните групи во четири области, економија, инфраструктура, евроинтеграции и култура – кои треба да да ја засилат соработката меѓу двете земји.

Од македонска страна, овие работни групи веќе се формирани и се очекува за економските прашања двете земји лесно да се усогласат.

Економските теми, железничкото и авионското поврзување, активностите на работните групи ќе бидат во фокусот на заедничката седница на македонската и бугарската влада, закажана за вторник во Софија. Теми за кои двете влади веруваат дека ќе ги подобрат билатералните односи.

Но, двајца поранешни бугарски претседатели Росен Плевнелиев и Георги Прванов инсистираат на решавање на историските теми.

Им посакувам успех, но да не сметаат дека само со Коридорот 8 или со некој друг инфраструктурен проект работите можат да се решат. Темата за општата историја треба да биде решена. 1,06

Актуелните претседатели на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев сепак се насочуваат кон интензивирање на дијалогот.

Телефонски разговараа за најновиот развој на билатералните односи, а разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Марија Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе