Дивите платформи и куќи на Матка и во блиска иднина никој нема да ги руши- она што може да се сруши е опасната карпа над браната тешка околу 20 тона. За неа денеска предупреди Центарот за управување со кризи – додека градоначалникот на Сарај,во чија надлежност е Матка беше на промоција- и тоа на 600 метри пат кој заедно го изодеа со двајца владини функционери, министерот за економија и заменикот за транспорт.
Беџети не знае колку точно дивоградби има во регистарот на Општината. Тврди ќе ги руши- но кога не знае. Вели кога ќе завршат сите процедури. Но, ќе го почека и новото законско решение за легализација на дивоградби кое го предложи Владата.
Ќе постапиме согласно законските прописи оти не гледам друга алтернатива. Не бројка бидејќи не сме ги решиле актуелните сите и не можам да дадам точна бројка бидејќи и од актуелните се случува често пати и да одбиваме кои не ги исполнуваат условите од различни причини и ние не ќе можеме да оспориме и со новото законско решение да пшоднесуваат ново барање, претпоставувам пак истото но бројката варира, вели Беџети.
Тврди и до сега рушеле и ќе рушат. Бидејќи немало законска основа затоа одамна биле и одбиени за легализација дивите платформи и куќи на Матка. Вели пари за рушење има- не кажува колку- само дека биле доволно.
Ние и до сега сме рушеле и ќе рушиме. Затоа се одбиени. Кога ќе ги рушите? Штом завршат сите административни постапки како што одамна е известена јавноста. Токму од тоа што немаат законска основа и се одбиени од страна на општината.. до кога ќе ги чекате? Тое е веќе во друга фаза, бидејќи секоја странка и вие во матичната општина кај што живеете можете да се жалите до министерството за транспорт, па да се врати во општината, па пак во минуистерство, па во управна постапка итн. Тоа не можам, не е во моја надлежност да предвидам колку ќе траат понатамошниве постапки- Блерим Беџети- градоначалник на Сарај.
Новиот закон за легализација кој го предложи владата овозможува дивоградбите кои се водат како куќи за домување иако се изградени во национални паркови и заштитени подрачја, ако се во заштитен појас и зони за одржливо користење да куртулат од рушење. Министерот за животна средина Нуредини не знаеше дали можност за легализација покрај дивоградбите на Попова Шапка ќе добијат и тие на Матка. Но она што се знае е дека иако се изградени без дозвола- и покрај многуте закани за уривање, дивите платформи и куќи на Матка и по неколку години се уште никој не ги турнал.
Александра Филиповска
