Во текот на ноќта уште еден посилен земјотрес беше регистриран од епицентралното подрачје кај Лерин со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 01:52 минути по македонско време. Земјотресот беше почувствуван и во Битола, а жариштето било на длабочина од само 2 километри.
Утрово пак во 04:28 беше регистроран земјотрес кај Лерин со магнитуда од 2,8 степени, претходно пред еден час, односно во 3:25 часот имаше земјотрес од истото епицентрално подрачје на 18 км јужно од Битола со јачина од 3,1 степен и на длабочина од 2 километри.
