Вести Македонија

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица.

Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт.

Повеќе: Комбиња на Беса уште возат по скопските улици, но во нова фирма без линија

Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе