Новата бугарска влада доби седум точки по кои таа мора да се раковиди во односите со Македонија, а црвените линии за тоа и се исцртани во Договорот за добрососедство од 2017, Рамковната позиција од 2019 и Декларацијата на 44. бугарско Собрание. Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија вечерва по петчасовно заседавање ги утврди условите без чие исполнување Софија нема да даде зелено светло за старт на преговорите на Европската унија со Македонија.
Заклучоците на Советот по прашањето на Македонија ги соопшти бугарскиот претседател, Румен Радев, кој меѓу другото соопшти дека бил постигнат консензус – решавање на спорот со Македонија да не смее да има временска рамка.
„Давањето на согласнот за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ да не се врзува со рокови, туку со постигнување на реални резултати, вклучитено морам да подвлечам, и по однос на правата на македонските Бугари“, изјави Радев по состанокот на состанокот на државниот врв на Бугарија.
Радев кој токму правата на Бугарите во Македонија и нивното впишување во македонскиот Устав лично во октомври и го достави како барање на Македонија, токму вечерва тоа го издвои како прво по кое бугарската држава нема да први компромис во однос на земјава.
Тој притоа изјави дека Бугарија никогаш не го спорела или негирала правото на самоопределување и јазикот кој го користат граѓаните на Македонија.
„Правата на македонските Бугари се клучниот елемент од копенхашките критериуми за членство во ЕУ. Не можат да бидат предмет на прегвоори и нивната заштита е изрично посочена во Деклрацијата на Народното собрание во 2019 година“ – порача Радев.
Меѓу седумте точки по кои бугарската влада треба да се раководи во односите со Македонија се и спроведување на Договорот за добрососедство, изработка на акциски план со мерки за постигнување видлив напредок во сите области од билатералните односи, формирање на заеднички работни групи со Македонија во области согласно Договорот, целосна реализација на Коридорот 8 што би опфатило инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување од Бугарија до Албанија, како и воспоставување на структуриран дијалог и работни групи и меѓу собранијата на двете држави.
Радев притоа соопшти дека решавањето на политичките прашања меѓу двете земји, ќе даде импулс на придвижување на другите прашања меѓу Бугарија и Македонија.
Иако во заклучоците на Советот за национална безбедност на Бугарија не се директно споменати историските прашања и барањето за признавањето на бугарските корени на македонската нација и јазик, инсистирањето на почитување на Рамковната позиција и Декларациијата на бугарскотот собрание јасно укажува дека тие остануваат како бугарска позиција о односите кон Македонија.
На состанок на државниот врв на Бугарија денеска било отворено и прашањето зошто бугарскиот премиер Кирил Петков прв доаѓа во посета на Македонија, наместо новиот македонски премиер прв да ја посети Софија.
Петков на состанокот тоа го објаснил како израз на добра волја од негова страна. Посетата на Петков на Македониј е најавена за 18 јануари.
Тамара Грнчароска
