Вести Македонија

Бугарскиот државен расправа на темата „Македонија“

Рамката во која новата бугарска влада ќе треба да ги гради своите позиции кон Македонија се утврдуваат на највисоко државно ниво денеска во Софија, откако шефот на бугарската држава, Румен Радев, го свика Консултативниот совет за национална безбедност со единствена точка на дневен ред – спорот со Македонија.

Очекувањата се сотанокот да ја потврди рамковната позиција на бугарското Собрание од 2019 во однос на Македонија и Договорот за добрососедство, но и да му овозможи на бугарскиот претседател Румен Радев директно да влијае врз градењето на идните позиции на новата влада во Софија кон Македонија, со оглед дека во изминатите девет месеци, додека Бугарија беше водена од техничка влада, тој ја презеде водечката улога во детерминирање на бугарската на политиката по прашањето на Македонија. Токму во тој период Радев петте бугарски барања, кои на македонската влада и беа врачени во јуни, во октомвери ги прошири на пет плус едно барање дополнувајќи го бугарскиот список на барања со вметнување на Бугарите во македонскиот Устав.

Дополнително на состанокот на државниот врв на Бугарија не е исклуено на маса да биде ставен и одговорот од Скопје токму по овие пет плус едно барање од Бугарија, а кои на Софија и биле врачени на почетокот на декември, лично на тогашниот технички шеф на бугарската дипломатија, а повторно препратени на крајот од декември и на новата шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, а за кои се уште нема одговор од Бугарија.

Состанокот на државниот и политички врв на Бугарија по прашањето на Македонија на иницијатива на Радев доаѓа на точно една недела пред најавената посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија, веднаш по изборот на новиот премиер и влада во земјава. Инаку Петков инсистира на проширување на разговорите меѓу двете земји со нови работни групи, освен таа за историските прашања, а на кои им даде временски рок од шест месеци да покажат придвижување на релациите меѓу двете земји, но сепак со повторување дека некои од клучните прашања меѓу Македонија и Бугарија не се тргнати од маса.

Инаку Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија денешниот состанок го има насловено како „Интеграцијата на Западниот Балкан во Европската унија“, но според составот на повиканите кај Радев, меѓу кои амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, како и советничката на Петков за надворшена политика Весела Чернева, која на 2 јануари го посетила Скопје, јасно укажува по кое прашање државниот врв на Бугарија ќе ја утврдува својата позиција.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе