Вести Македонија Топ вести

Се повеќе заболени млади со омикрон, ќе почне ли второто полугодие со физичко присуство на учениците?

Зголемениот број на новозаразени со Ковид 19 ја отвори дилемата на кој начин би требало да се одвива наставата во училиштата во текот на второто полугодие.  Во Грција учениците денес се враќаат во училишните клупи и второто полугодие започнува регуларно.  Тие и просветните работници задолжително ќе се тестираат два пати седмично, со бесплатните брзи тестови, за оваа седмица ќе добијат и еден тест плус. Со селф тестовите се откриени над 15 илјади позитивни случаи кај ученици и просветни работници. Во Италија е одлучувачки фактор колку случаи на инфекција со коронавирус има во одделението.  Кога станува збор за средните училишта, учениците мора да бидат тестирани во одделението и да носат FFP2 маски доколку се појави само еден случај на инфекција со коронавирус.

Во меѓувреме додека трае зимскиот распуст кај нас  Министерството за образование и наука ќе се координира со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за начинот на кој ќе продолжи да се организира наставата во второто полугодие, за што навремено ќе ја информираат јавноста, е ставот на МОН.

Што се однесува до донесување на нови мерки и протоколи,тоа треба да го утврди новиот владин состав веќе на првата седница на Влада, велат од Министерството за здравство.

Препораките за заштита од ширење на вирусот ги носат експертите од различни области во Комисијата за заразни болести, тие одлуки се темелат на претходни епидемиолошки анализи на стручната фела од Институт за јавно здравје. Комисијата ќе заседава во текот на утрешниот ден, за евентуални препораки од состанокот јавноста навремено ќе биде информирана.

Движењето за поддршка на онлајн настава со свое барање до МОН и Министерството за здравство наставата да се одвива на далечина во второто полугодие.

Во името на огромен број родители наставници, во името на бабите дедовците, во нашите семејства каде што се живее во еден стан, во една куќа по пет, по шест луѓе каде што дистанцата и изолацијата се невозможни со овој тип на вирус ќе се заразуваат сите. Ако со Делтата и со првиот Вухански сој се заразуваат еден двајца, во овој случај се заразуваат буквално сите, вели Ана Глигорова, Движење „Поддршка за онлајн настава“ 

Со одлука на Владата донесена на 17 август почетокот на новата учебна година 2021 -2022 почна со физичко присуство.  Доколки има одредени промени МОН тогаш најави дека  е секогаш подготвено за останите две резервни сценарија хибриден модел и ротирање на групи ученици.

Нина Стефанова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе