По лавината реакции на социјалните мрежи од корисниците на парно греење на БЕГ , но и други снабдувачи со топлниска енергија, дека во делови од Скопје е исклучено парното греење, од Владата ги повикаа надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје. Жители на Центар, Скопје Север и Топанско Поле, деновиве се жалат дека се без парно или греењето е многу слабо.
Од Топланата Скопје Север потврдија дека не испорачуваат топлинска енергија и дека очекуваат од понеделник Општина Чаир да си го подмири долгот, за да може да купат гас.
Од БЕГ пак, и покрај реакциите на жители на скопски Центар се жалат дека и денеска останале без парно, сооопштија дека “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем или имаат температура во домовите под 20 c, треба да пријават во центарот за грижа на потрошувачи.
