Вести Македонија Топ вести

Скопјани без парно, Топлана Север чека пари – БЕГ работи во “оптимизиран” режим

По лавината реакции на социјалните мрежи од корисниците на парно греење на БЕГ , но и други снабдувачи со топлниска енергија, дека во делови од Скопје е исклучено парното греење, од Владата ги повикаа  надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје. Жители на Центар, Скопје Север и Топанско Поле, деновиве   се жалат дека се без парно или греењето е многу слабо.

Од Топланата Скопје Север потврдија дека не испорачуваат топлинска енергија и дека очекуваат од понеделник Општина Чаир да си го подмири долгот, за да може да купат гас.

Од БЕГ пак, и покрај реакциите на жители на скопски Центар се жалат дека и денеска останале без парно, сооопштија дека  “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем или имаат температура во домовите под 20 c, треба да пријават во центарот за грижа на потрошувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе