Вести Македонија

Демократскиот сојуз бара од Уставен суд  да  укине одредби од Изборниот Законик, една изборна единица да биде владин приоритет

Со поднесената иницијатива Демократскиот сојуз бара сите партии и независни листи да имаат еднаков третман и шанси на изборите.

Да се укинат одредбите за медиумско претставување кое на големите партии им овозможува време од 8 минути а на малите само една минута.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов бара од мандатарот Димитар Ковачевски, веднаш по гласањето за новата Влада да се отвори расправа за измените на Изборниот Законик, Македонија да биде една изборна единица  без изборен праг.

Во спротивно може да биде доведена во прашање натамошната поддршка на новиот владин кабинет.

На предлогот за измени на Изборниот законик се потпишани 20 пратеници од малите  партии. Тие не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите партии и да зависат и коалицираат постојано со нив.

На средбата со Ковачевски ќе го информираат за потребата од демонтирање на монополот на четирите партии кои 30 години владеат во државата и ќе се побара да се создадат услови за системски промени.

Иако предлог измените на Изборниот Законик се поднесени пред речиси една година , во овој период големите партии преку работните групи не успеаа да ги усогласат ставовите  за изборниот модел.

Но овој пат, малите партии се упорни нивната иницијатива да се реализира. Покрај ова,Демократскиот сојуз од Ковачевски ќе бара да се формира и Агенција за борба против корупцијата, ревизија на политички монтираните случаи, субвенционирање на вработувањето на една година на сите лица кои ќе завршат високо образование.

ДОМ ќе инсистира на измени во Законот за  урбанистичко планирање и формирање ново министерство за енергетика и клима.

Денеска лидерот на СДСМ Ковачевски ја заокружува серијата разговори со коалициските партнери за новиот владин кабинет.

Во седиштето на партијата     тој се сретна и со Претседателот на Алтернатива Африм Гаши кој ќе има три министерски места, за здравство, информатичко општество и администарција и без ресор.

Имиња не се соопштуваат .предлог програмата и сотавот на Владата ќе бидат доставени до Собранието најдоцна до вторник.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе