Македонија

Пратениците најмалку време лани поминале во пратеничките клупи

Два месеци одмарале, а останатите држеле по само неколку седници. Во ноември пратениците само двапати влегле во пленарната сала, во септември  4   пати, во февруари 5, во мај 6, а во јануари 7 пати. Малку поактивни биле во март, декември и јуни, кога одржале по 10 седници. Најмногу работеле во април, цели две недели. Во август беа на одмор, а во октомври воопшто не работеа поради изборите. За цела година одржале само 77 седници, но претседателот на Собранието не се согласува со впечатокот на јавноста дека тоа е малку.

Од вкупно 59 закажани пленарни седници, 39 се завршени, а 20 останале за оваа година. Статистиката покажува и висока бројка  на донесени закони по скратена постапка, 79, наспроти 111 во редовна постапка.

Како ограничувачки услови за работа, Џафери ги наведува локалните избори, најавената оставка на премиерот и неизвесната политичка ситуација, како и протоколите за заштита од Ковид и отсуствата на пратеници поради вирусот. Се надева дека, со зголеменото мнозинство од 64 пратеници, наспроти претходното, ќе има повеќе простор за планирање и одлучување.

Во интервју за МИА, вели и дека од мандатарот за состав на влада, Димитар Ковачевски, очекува коректна комуникација,  како од времето кога беше заменик министер. Се надева дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала која е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Материјалите до пратениците ќе се доставуваат електронски, а таков ќе биде и начинот на гласање.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе