Вести Ковид19 Свет

СЗО: Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми

Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември.

Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.

Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што варијантата Делта е помалку распространета, но и во Обединетото Кралство, каде што Делта е доминантна варијанта.

Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на варијантата Омикрон се должи на фактот дека таа е помалку подложна на имунолошки одговор, дека полесно се пренесува или е комбинација од двете.

Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на Омикрон, констатира СЗО.

Досегашните набљудувања покажаа дека Омикрон предизвикува блага форма на зараза или асимптоматски инфекции, но според СЗО, податоците се недоволни за да се утврди клиничката тежина на оваа варијанта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе