Вести Ковид19 Свет

Германија задолжително ќе ги вакцинира здравствените работници и војската

Бундестагот ја одобри одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Долниот дом на германскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се бара здравствените работници и војниците да се вакцинираат против Ковид-19, што е првиот чекор кон можни задолжителни вакцини за сите возрасни лица.

Големо мнозинство пратеници во Бундестагот гласаа за мерката со која се бара персоналот во болниците, лекарските ординации и домовите за стари лица да бидат целосно вакцинирани.

Бундесратот или Горниот дом на парламентот се очекува да го усвои законот подоцна денесЍ а, откако слични чекори презедоа Франција, Италија, Велика Британија и Грција.

За другиот, поконтроверзен закон, со кој вакцината ќе биде задолжителна за сите, парламентот веројатно ќе расправа следниот месец. Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се противи на задолжителна вакцина за сите. Поранешниот министер за здравство во владата на Ангела Меркел исто така рече дека ќе гласа против мерката.

Според официјалните податоци, околу 69,4 отсто од германското население од 83 милиони луѓе се целосно вакцинирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

(Видео) Украински дронови го нападнаа регионот околу Санкт Петербург – напад што Русија го опиша како „без преседан“

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе