Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Излезноста до 11 часот на изборите во Дебар е 8.16%

Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината.

На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19211 гласачи.

Од пристигнатите податоци од 65.99% од избирачките места, до 11 часот излезноста на гласачите изнесува 8.16 %, информираат од Државната изборна комисија.

На https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t1/2 можете да ги следите податоците за излезноста во живо.

Од ДИК информираат дека до 11 часот поднесени се и два приговора за заштита на личното избирачко право и истите биле прифатени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе