Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.

Тој им вети на граѓаните дека сето она што го говорел во кампањата ќе биде реализирано.

Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата. И покрај обидите на поединечни структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која што наликува на нешто што беше минато ќе го дадам својот максимум да направам се за да ги смениме работите во иднина, истакна вечерва Димитриевски.

Тој им честитам на сите кандидати коишто добија доверба од граѓаните, а пред се да им честитам на сите – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби и сите останати етнички заедници коишто се одважиле, излегле на овие избори и испратиле силна порака до политичарите.

Тој истакна дека е од редовите на СДСМ, дека е член и симпатизер и оти семејство и сите околу него се членови на СДСМ.

За тоа ќе расправаме допрва во идното време, но можам само да испратам порака она што го направија моите другари со коишто заедно крваревме за да промениме еден систем  на лоши навики, а всушност станаа нешто полошо од тоа треба да им служи на честа. Јас ќе продолжам заедно со граѓаните од тука натаму да креирам само позитивни политики за мојот град, за моите граѓани и за сите граѓани на Македонија, бидејќи Македонија тоа го заслужува. Еднаш засекогаш треба да ставиме крај на лукративниот пристап во оваа држава, рече Димитриевски.

Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.

Запрашан дали поразот во Куманово за СДСМ ќе има влијание врз централната власт, Димитриевски порача дека тоа прашање треба да му биде поставено на Заев.

Ќе го прашате бидејќи тој ја носи одговорноста заедно со тимот околу него. Јас можам само да кажам, како убеден социјалдемократ, дека таа партија во минатото беше државотворна. За жал поединци коишто дојдоа на истурени позиции ја доведоа до ова дереџе. Пред одреден временски период добивме огромна подршка од граѓаните, во првиот круг добивме жолт картон, но не се сфатија пораките, се продолжи исто. Никогаш повеќе во државата не може да се дозволи да системот и државата одат против волјата на граѓаните, и затоа сметам дека ќе бидат неопходни реформи, за да социјалдемократијата како идеологија опстане на овие простори, порача Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе