Вести Локални избори 2021 Македонија

Во Дебар градоначалник ќе се избира на 14 ноември

И по денешното повторено гласање во едно гласачко место, граѓаните на Дебар не го избраа новиот градоначалник.

Како што потврдија од изборните штабови на ДУИ и на Алијанса за Албанците-Алтернатива, во Дебар ќе има втор круг на гласање на 14 ноември, бидејќи и по повтореното гласање ниту еден од кандидатите не обезбедиле потребниот процент од вкупниот број од излезените граѓани на гласање.  Според нив на денешното гласање на гласачко место 0543 од вкупно 777 гласачи колку што се запишани во  единствениот избирачки список за кандидатот на ДУИ поддржан од СДСМ  и Коалицијата и актуелен градоначалник, Хекуран Дука, гласале 226 а за Беким Поцеста од Алијансата за Албанците-Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ, 293 лица.

Од вкупно запишаните со право на глас, ова право го оствариле 528 лица или околу 68 отсто.

На ова гласачко место во првиот круг гласаа 484 или 62,29 отсто. За Дука гласаа 195 додека за Поцеста 271 лице, неважечки беа 16 ливчиња.

На ова гласачко место се прегласуваше откако Управен суд ја прифати тужбата на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, а ДИК врз основа на тоа донесе решение за повторување на гласањето.

Тоа со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во оваа општина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе