Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Таравари прогласи победа во Гостивар

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кој се кандидираше за уште еден мандат вечерва прогласи победа по вториот круг на локалните избори.

Албанци, Македонци, Турци, Роми едногласно сите одлучивте во Гостивар брутално да ги победиме ДУИ и СДСМ со разлика над пет илјади гласови. Јас добив околу 18 илјади гласови, а ДУИ 12 илјади гласови. Ако првиот круг победивме со две и пол илјади гласови, сега победивме со над пет илјади гласови, изјави Таравари во изборниот штаб.

Изрази надеж дека од утре ќе почнат преговорите за нова влада бидејќи, како што рече, СДСМ и ДУИ веќе немаат кредибилитет кај народот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Банките се дистанцираат од судирот со Славески и Кочоска за новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе