Локални избори 2021 Македонија Топ вести Топ тема

Касами за Топ Тема: Теута Арифи има вработени по договор на дело на платен список на општина Тетово, а се во странство

-Има големи расходи на општинскиот буџет кој оди на вработувања на договори на дело, а се однесуваат некогаш и на 700-тини , 800-тини илјади евра. Станува збор за вработувања на роднини, сестри на други вработени на позиции во општина Тетово. Некои од нив не одат на работа, не знаат ниту каде е општината. Има и такви кои се во странство, а се на платен список, рече во интервјуто за Топ Тема на Телма, Билал Касами (кандидат за градоначалник на Тетово и претседател на Беса).

-Тие сега се уценети. Да не го злоупотребуваше буџетот, Теута Арифи немаше да освои ни илјада гласа, а не 10.000, рече нејзиниот противкандидат Биљал Касами, кој тврди дека дупката во општинскиот буџет е околу 12 милиони евра.

-Парите што треба да одат за комуналец за ѓубрето, за шелтер-центар за кучињата-скитници и други потреби, одат за договор на дело за она да ги добие овие 10 илјади гласа – рече Касами на Топ Телма на Телма.

Интервјуто на Наташа Стојановска со Билал Касами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе