Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Ново парламентарно мнозинство- Заев вели „нека го формираат и меѓу два круга, ама ние ќе го окрупнуваме“, Мицкоски веќе најавува ново, а Апасиев го гледа како вовед за парламентарни избори

Покрај резултатите и победа, на вечерните обраќања на партиските лидери уште еден збор одекнуваше на сите прес-конференција- „ново парламентарно мнозинство“.

Прв почна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој смета дека резултатите од денешниот изборен ден покажуваат простор и брз термин за ново парламентарно мнозинство и дека таа опција ќе биде разгледана во партиските тела. Мицкоски објави победа во многу општини, а пред се во поголемите градови освен во Куманово и Струмица.

Димитар Апасиев, лидерот на Левица која сега почнува да освојува и општински советници во поголем број, смета дека претстои окрупнување на опозицијата за ново парламентарно мнозинство кое ќе изгласа нови парламентарни избори.

Претседателот на владата и прв човек на СДСМ Заев пак смета дека вториот круг ќе го каже победникот и се надева на поддршка од сродните партии, а за ново парламентарно мнозинство вели дека може да се формира и меѓу два круга, и после вториот изборен круг, иако тој мисли дека нема да се случи такво сценарио туку обратно и повторува дека неговото парламентарно мнозинство ќе се зголемува.

Граѓаните со својот глас денеска го определија терминот за наредната недела за кој најмногу ќе се дискутира, а тоа ќе биде „ново парламентарно мнозинство“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе