Локални избори 2021 Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ во победа и СДСМ во пораз освоија помалку гласови од лани, само Левица расте и тоа за една третина повеќе

Малата излезност околу 50 проценти ги намали партиските гласови, но втората побитна причина е што имаше и многу независни советнички листи привлекоа десетици илјади гласачи. ВМРО-ДПМНЕ освојува 288.044 гласови или во бројки точно 50 илјади гласови повеќе од СДСМ, која што застана на 238.031 глас.

Бројките се за советничките листи во општините без градот Скопје, а кога ги правевме пресметките недостасуваа уште 40-тина избирачки места од кои 35 во Ресен. Иако голема победа, опозиционата партија на советничките листи има помалку од 300.000 гласови.

ДУИ е на трето место повторно прескокна 100.000, односно освои 104.554 гласа. Алијанса и Алетрнатива имаат вкупно 56.301 глас на советничките листи.

Расцепкани и неорганизирани сепак независните листи освоија речиси исто како што освои Алијансата на Села, односно 56.085 гласови. Најмногу и единствено над 10 илјади се искачи незваисната листа на Максим Димитријевски во Куманово.

Левица повторно расте, од лани досега пораснаа за една третина, овојпат преку советничките листи стигнаа до речиси 50 илјади гласови односно освоија 49.558. Најголем дел од гласовите на Левица се од скопските општини.

Добар резултат остварија уште две партиски листи кои засега припаѓаат на актуелната владечка коалиција на централно ниво. Беса стигна до 25.326 гласови, најмногу во Тетово, додека коалицијата Одлучно на ЛДП и ДОМ оствари над 20 илјади гласови, односно вкупно 21.999.

Бидејќи станува збор за локални избори кога се појавуваат многу независни листи, бројките покажуваат дека во однос на парламентарните избори од лани пад имаат и СДСМ чија ланска коалиција сега се подели на три листи, пад има и ВМРО-ДПМНЕ, како и коалицијата Алијанса/Алтернатива, додека ДУИ се одржа на истото ниво. Раст бележи само Левица.

Вкупно:

ВМРО-ДПМНЕ        288.044

СДСМ                       238.031

ДУИ                          104.554

Алијанса                   56.301

Левица                      49.558

Беса                           25.326

ЛДП/ДОМ                21.999

Независни листи  56.085

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе