Економија Македонија Најважни

МЕПСО без одговор дали и колку пари им должи „У Пауер“

МЕПСО сѐ уште без одговор, дали и колку пари им должи фирмата на Аријанит Џафери „У Пауер“ за ангажирана балансна енергија и колкав период се чекало за наплата на овие средства. Телма вчера официјално од МЕПСО ги побара, но не ги доби, документите преку кои може да се сумираат трансакциите од „У Пауер“ кон ова државно претпријатите, како и висината на депонираната банкарска гаранација.

А клиенти на „У Пауер“, која е основана во 2016 година, се голем број на општини и државни институции. Град Скопје, Бутел, Аеродром, Гевгелија, Свети Николе, Битола, Царината, УЈП, Царина, ТИРЗ и МЕПСО.

Според јавно достапните податоци, договорите за набавка на електрична енергија кои се склучени со „У Пауер“ се во износ од неколку илјади, до неколку стотици илјади евра. Најтешкиот е со Град Скопје, склучен на 10 мај во вредност од 67,5 милиони денари. Договорот со МЕПСО склучен во јануари оваа година е во износ од 29 милиони денари а двата со ТЕЦ Неготино сѐ со вкупна вредност од 28 милиони денари.

Ако се погледне на алатката Отворени финансии може да се види дека голем дел од државните институции и општините редовно си ги плаќаат фактурите за потрошена енергија кон оваа фирма.

Фирмата на Џафери не ги обезбедила навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите. Затоа тие набавувале струја од резервите на МЕПСО, наменети за балансирање на електроенергетскиот систем, по цена далеку поефтина од онаа на светските берзи.

Денеска, околу инцидентот министрите од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши и Бујар Османи, во одговори на новинарски прашања, соопштија дека го осудуваат и дека институциите треба да постапат како и за секој граѓанин. Бектеши рече дека Џафери се извинил за нападот, што веднаш беше демантирно од Регулаторната комисија. Нападот го осуди и премиерот Заев.

МВР вчера поднесе кривична пријава за насилство против Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната Комисја Марко Бислимовски, во ресторан во Дебар Маало. Причина за нападот е постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ која во моментов се води во Регулаторната, која е започната откако од МЕПСО алармирале дека евидентирале зголемено ангажирање на електрична енергија која се користи за исклучителни ситуации.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангеловски: Нема посериозни нарушувања, пријавени се неколку помали инциденти

Дејан Дејан

Стирк: Утрово посетивме две избирачки места, утре ќе соопштиме првични резултати од набљудувањето

Дејан Дејан

Излезноста до 11 часот е 12,78 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе