Локални избори 2021 Македонија Топ вести

ДИК го праќа Избирачкиот список на печатење

Печатницата Киро Дандаро привршува со печатењето на гласачките ливчиња. Деновиве ќе заврши, откако ДИК ќе го утврди и потпише изгледот на ливчето за секоја од 80-те општини и градот Скопје. Потоа, ќе се печати Избирачкиот список. Вчера е потпишан согласно законскиот рок. Двајца членови на ДИК одбија да го потпишат изводот за две општини: 700 жители на Чучер Сандево ќе гласаат во Бутел.

Ова е дел улиците Призренска и Бутелска. Повеќегодишното постапување и повлекување меѓуопштински граници на градот, неколу општини, МВР, Централниот регистер и други институции, смести неколку краци на овие улици во општината Чучер Сандево, односно, надвор од градот Скопје. Но, 680 жители не ги сменија личните карти и останаа пријавени како жители на општината Бутел.Таму и ќе гласаат на локалните избори, иако живеат во друга општина. Избирачкиот список е заклучен, вчера беше потпишан, иако двајца членови на ДИК не сакаа да го потпишат изводот на списокот во овој дел.

Од Одделението за водење Избирачки список велат дека ова не е единствен ваков случај. Стотици граѓани гласаат во друга општина од местото на живеење поради грешки со адресите и со имињата на улиците. За да се поправи тоа, секој граѓанин поединечно треба да поведе управна постапка и да ја смени личната карта. Од ДИК велат дека иако се надлежни за списоците, мора да ги почитуваат податоите во личните документи.

До утре, во ДИК треба да заврши и утврдувањето и потпишувањето на гласачкото ливче за сите единици на локалната самоуправа. 70-тина од нив веќе се испечатени во печатницата „Киро Дандаро“ и предадени на општинските изборни комисии. Преостанати се десетина гласачки ливчиња за кои се вршат дополнителни  проверки за исправноста на имињата на кандидатите кои припаѓаат на заедниците, објаснува претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Уверува дека и овие и другите подготовки на изборите течат непречено и ќе завршат на време за спроведување локални избори на 17-ти октомври.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе