Вести Македонија Топ вести

Молк за тоа како се случи сообраќајката во која загина еден човек а меѓу учесниците беше и Зоран Милески-Кичеец

Никој не кажува како се случила сообраќајката во која загина еден човек а еден од возачите учесници беше осудениот во Рекет – Зоран Милевски Кичеец. Министерот Оливер Спасовски убедува дека точно ќе се утврди кој е виновен и кој ќе понесе одговорност.

Од обвинителство не откриваат ни кое возило во кој правец се движело, и дали се точни тврдењата дека едно од трите возила претекнувало на полна лента. За несреќата детал откри само премиерот Зоран Заев дека всушност Кичеец одел кон Скопје.

Со додатно соопштение веднаш по тоа излезе управата за извршување санкции.

Повтори дека Зоран Милевски има прекин на казна на 30 дена што му следува по закон за санкции бидејќи е во отворено одделение во затворот во Струга. Претходно  бил на преглед во завод за лекување на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан” во Охрид.

“Прекинот му беше одобрен од причина што осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено – соопштија од управата за извршување санкции.

Зоран Милевски Кичеец исчезна за медиумите, но во затвор треба да се врати ден после празникот. Во меѓувреме неговите двајца сопатници од Србија заминаа и не сакаа лекарски услуги од клинички во скопје и покрај тоа што имале скршеници.

Загина 34 годишно момче од Гостивар кој се возел во друг автомобил, а Кичеец управувал со мерцедесот кој беше едно од трите возила учесници во сообракајката.

Тој има уште речиси една година од три годишната затворска казна во рекет, каде осудени се и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, за рекетирање на бизнисменот Јордан Камчев.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе