Сопственик на млин, брат на третиот претседател на Ерменија, косопственик во градежна компанија со која добил државен тендер за изградба на автопат и затаил данок на проект вреден 170 милиони евра.
Последниот ангажман му бил специјален советник во министерството за надворешни работи.
Минатата година е уапсен во близина на Москва а според ерменското обвинителство во 2018-та избегал од земјата под дипломатско покровителство на тројца македонци.
Левон Саркисјан е човекот кој Миле Миленкоски, заменик шеф на мисијата на ОБСЕ во Австрија го качил во авион Саркисјан и го довел во Австрија, Виена. Миленковски го уапсија српските власти по меѓународна потерница, а ерменското обвинителство очекува од земјава да им помогне за тој да седне во обвинителна клупа.
„Миленковски ќе биде екстрадиран во Ерменија откако ќе се подготват соодветните документи и ќе им бидат предадени на властите на Северна Македонија,“ официјално изјави обвинителството во Ерменија
Ерменија може да очекува почитување на меѓународното право и слободно може да добие правна асистенција од министерството за правда ако тоа го побара, информираат од правда.
„До овој момент до министерството за правда ниту една земја нема остварено контакт. Ние сме должни кога некој суд во некоја странска земја ќе побара информација или документација соодветно да одговориме,“ кусо одгворија од министерството за правда
Бегството на Саркисјан и асистенцијата на Миленковски во Ерменија се заведени во истрага уште во 2018-тата, додека македонските власти знаеле или како што велат сега се информираат од медиумите за меѓународниот скандал.
Бегството на Саркисјан го открил фалисфикаторот на пасошот а според пишувањата на тукашните медиуми Коха и МКД.Мк тој од Ерменија отпатувал по дипломатски канал организиран од Миле Миленковски.
Останува нејасно зад чии решетки ќе заврши Миленковски бидејќи според првичните наводи Миленковски се поврзува и со други кривични дела, а другата претпоставка е дека потерницата била издадена од австриската полиција за некакви финансиски проневери извршени од Миленкоски во таа земја. Но, тоа не е пречка за кариерата на Миленкоски во МНР и тој добива нова доверба пред неколку месеци да го продолжи шефувањето како заменик во мисијата на ОБСЕ во Австрија.
Неговиот шеф, Бујар Османи по скандалот се одлучи на неколку чекори меѓу кои и ветинг, но без да открие детали дали за дејанијата на Миленковски се знаело и како тој ги добивал потребите сертификати за бебедност.
„Ќе побарам од сите раководни позиции, директори и раководители на сензитивни позиции,задолжително да ја поминат процедурата на најстрог ветинг, преку системот на НАТО сертификати. Овој процес планирам да го направам задолжителен и во системот на пополнување амбасадорски места,“ пишува Османи на својот ФБ профил
Миле Миленковски останува без плата во МНР, повлечен е од мисијата во ОБСЕ, му за заканува екстрадиција во Ерменија, но останува нејасно за јавноста како тој успеал три години да ужива доверба во МНР, да биде именуван за заменик шеф на мисијата на ОБСЕ во Австрија, последниот пат пред три месеци и да ги вади потребните сертификати, а вооедно безбедносните служби да не знаат ништо за вмешноста на Миленковски во скандали во други земји.
Павле Беловски
