Македонија Топ вести

Членови на СДСМ палат партиски книшки во Радовиш, Максим Димитриевски исклучен од партијата

Максим Димитриевски формално ќе биде исклучен од СДСМ на следниот централен одбор.

Претседателот на најголемата владејачка партија Зоран Заев ги предупреди сите сопартијци дека мора да го почитуваат статутот, во спротивно нема да може повеќе да  бидат членови на партијата.

Ставот на  Заев дека ќе бидам исклучен од партијата докажува дека вчерашното тврдење на Љупчо Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина и го потврдува мојот став дека формално правно сум се уште член на СДСМ, реагираше актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски кој на овие избори ќе ја побара поддршката од граѓаните како независен канидат.

“Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?” – вели Димитриевски.

Незадоволни се и членови на СДСМ во Радовиш. Синоќа излегоа на протест, палеа партиски книшки и знаме поради промоцијата на Коле Чаракчиев.Телевизија Кобра информираше дека лицата кои протестирале барале да биде реизбран актуелниот градоначалник Герасим Конзулов . Лидерот на партијата Заев вели дека секој има право на протест, но истражувањата покажале дека повеќе од 60% се изјасниле дека Конзулов не заслужува уште ден мандат па затоа настапиле со друг кандидат.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе