Македонија Топ вести

МНР: Вечерва пристигнуваат последните наши граѓани евакуирани од Авганистан

Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот аеродром – Скопје, во 19:30 часот пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради Ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија.

Како што соопшти МНР, заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат исто така вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамки на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денеска, сите наши граѓани се вратени во земјава, се наведува во соопштението од МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе