Свет Топ вести

Четврти ден активен пожарот во близина на Атина

Битка со огнената стихија водеа пожарникарите во текот на ноќта за да се спасат домови од пожарот, што веќе четврти ден е активен во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Според медиумите во Грција, околу четири часот утрово, превентивно биле евакуирани жителите на неколку села, но не преку порака од бројот за итни случаи 112, како што беше пракса досега, туку полицајци оделе од врата на врата за да ги информираат граѓаните да ги напуштат нивните домови.

Утрово, ситуацијата е подобрена, активни се неколку жаришта, а гаснењето продолжува и од копно и од воздух.

Како што информираа од противпожарната служба на Грција, со огнената стихија се справуваат 427 пожарникари со девет пешадиски тим и 149 возила, пет хеликоптери и пет авиони, меѓу кои и рускиот Бериев-100, а помагаат и 143 пожарникари со 46 возила од Полска, но и волонтери, цистерни од локалната самоуправа и пешадиски тима од војската.

Планинското село Вилија се наоѓа во северозападниот дел на областа Атика, на околу 50 километри од центарот на Атина, а пожарот што е активен од понеделникот е во непрооден дел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе