Свет

Кина наметнува усвојување јазик и културни симболи на Тибет

Високиот кинески функционер Ванг Јанг  денеска изјави дека се потребни „сеопфатни напори“ за Тибеќанците да го зборуваат стандардниот кинески јазик и да ги споделат „културните симболи“ на кинеската нација.

Ванг Јанг ова го рече пред избрана публика пред палатата Потала, дом на традиционалните тибетски будистички водачи во главниот град на автономниот регион Ласа, на церемонијата по повод 70 -годишнината од кинеската инвазија на хималајскиот регион, пренесува Бета.

Кинеската владејачка Комунистичка партија соопшти дека „мирно ги ослободила“ тибетските селани од угнетувачка теократија и ја вратила кинеската власт над регионот загрозен од надворешни сили.

Критичарите велат дека промените во културната асимилација укажуваат на пропаѓање на традиционалната будистичка култура на Тибет и потсетуваат дека Тибет бил независен во поголемиот дел од својата историја.

Кина ги истакна своите напори за зајакнување на економијата во регионот и го осуди прогонетиот Далај Лама како сепаратист.

Ванг, кој е член на Постојаниот комитет на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и кој ја надгледува политиката кон етничките малцинства, рече дека „сепаратистичките активности извршени од групата Далај Лама и непријателските надворешни силите се задушени “.

Од 1951 година, Тибет „тргна по патот од темнина кон светлина, од заостанатост кон напредок, од сиромаштија до просперитет, од автократија до демократија и од блискост до отвореност“, рече Ванг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе