Македонија Топ вести

Уште тројца македонски државјани останаа во Авганистан

На авганистанско тло останаа уште само тројца македонски државјани кои ќе се повлекуваат со војниците на НАТО во последниот бран. Над 40 веќе се во Европа, а трисетина македонски државјани се во англиски Свиндон. Според она што го кажаа нивните најблиски за Телма, во Англија ќе останат десетина дена во карантин после што ќе се враќаат во Македонија. Десетмина се во Осло во Норвешка и тие се последниот контингент кој синоќа го напуштил Авганистан. Уште дваесетина се уште се во катарска Доха.

МНР соопшти дека веќе нема македонски државјани во загрозувачка сотсојба во Авганистан на кои им е потребна помош за евакуација. Иако Авганистан не беше главна тема, сепак не остана неспомнат на церемонијата за денот на армијата. Претседателот и врховниот командант Стево Пендаровски вети дека сите над 3 и пол илјади припадници на АРМ кои учествувале во мисија во Авганистан во последните 19 години ќе добијат орден. Ниту еден македонски војник не загина во земјата која денеска е веќе во талибански раце, неполни 50 дена откако и последниот македонски војник се повлече од традиционално немирната држава. Војниците на армијата се бореа за мир и помагаа во развој на цивилнит еинституции, нагласи министерката за одбрана Шекеринска. Сега е време за помош на загрозените, рекоа и претседателот и министерката.

Засега има барање за прифат на 450 луѓе од Авганистан. И меѓународната и европската асоцијација на новинари побараа помош и прифат за новинарки, новинари и медиумски работници кои ќе бидат загрозени во Авганистан и ќе бегаат. Од владата повторуваат дека не станува збор за нов бегалски бран и дека овие луѓе кои ќе дојдат до крајот на неделата ќе бидат заштитени согласно хуманитарното право на сметка на меѓународните организации. Експертите и хуманитарните организации бараат бегалците да не се оцрнуваат, а државата да се подготви доколку талибанските власти во Кабул предизвикаат бегалци и мигранти од Авганистан.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе