Македонија Топ вести

Петровска противкандидат на Шилегов 

Поранешната државна инспекторка за животна среднина Ана Петровска ќе му биде противкандидат на Шилегов.Очекува поддршка од граѓаните на Скопје а канидатурата ја  поднесе преку иницијативата ,, Зелен хуман град,,.Ќе се залага за чист воздух,  расчистување на дивите депонии, енергетска ефикасност во училиштата, болниците, вклучување на младите и лицата со хендикеп во носењето одлуки.

Шилегов го прифати предизвикот . Имал добра соработка со Петровска за која трди дека немала ниту еден приговор за работењето на градот.

Во меѓувреме се поголем е интересот за поднесување независни листи за градоначалници и за советници. Потписи се собираат во 9 подрачни одделенија. Во Кочани за само еден ден собрани се потписи за една независна советничка листа. Во Охрид, Свети Николе, Росоман, Центар, Гази Баба и Брвеница се собираат потписи за независен градоначаник,а за совенички листи   во 7 општини. Во Карпош поднесени се 2 листи.

До крајот на месецов и политчките партии треба официјално да ги објавата имињата на кандидатите за градоначалници и советничките листи.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе