Македонија Топ вести

Наставата со физичко присуство со почитување на протоколите во основните и средните училишта

Враќањето во училиштето е најголем проблем , детектиран во истражувањето на Првата детска амбасада Меѓаши, направено неодамна  на над 1200 деца, на возраст од 10 до 18 години, кои лани следеле онлајн настава.

Најголема грижа ако можам да резимирам , е моментот кога повторно ќе се вратиме во училиштето со физичко присуство и моментот кога ќе заврши пандемијата и ние ќе се вратиме во нормала, вели проф. д-р Софија Арнаудова од Институтот за социјална работа и политика.

На 65% од учениците најмногу им недостасува училиштето. Но, кажале и дека им недостигаат и дружењата и излегувањата. 48, 3 % одговориле дека поседуваат компјутер, повеќе од една третина го делат компјутерот со семејството, а 4,7 % воопшто немале пристап до дигитален уред. Дигитално насилство доживеале 37% од основците, а 66% од средношколците

Со цел заштита на менталното здравје и социјализацијата на учениците, но и вакцинираните 62 % од наставниците, школската година од септември ќе започне со физичко присуство. Ќе ја следат сите средношколци како и минатата година, а новост е дека и учениците од 1 до 9, а не само од 1 до 3 одделение како лани, од основните училишта. Сите на часовите ќе носат маски. Исклучок ќе бидат ученици кои се хронично болни или потекнуваат од семејства со хронично болни родители или старатели. Тие ќе следат онлајн настава на Националната платформа, а за физичкото отсуство ќе треба да приложат медицинска документација. Според одобрените протоколи од КЗЗБ, доколку се утврди дека некои од учениците покажуваат симптоми на Ковид- 19, епидемиолошка служба, ќе одлучува за бројот на соучениците кои ќе одат во изолација.

Епидемиолошката служба утврдува на лице место дали одат неколку ученици, дали самиот ученик, дали целото одделение. Минатата година покажавме дека тоа одлично функционирасо брза интервенција на здравствените служби и немаше интерна трансмиција во ниедно училиште. Затоа очекувам…Училиштата се веќе обучени, вели министерката царовска.

И за децата во изолација е предвидена онлајн настава. А, за тие што ќе ја посетуваат со физичко присуство, особено во училишта со еден влез, протоколите превидуваат распоред за влегување на учениците од подолните и погорните класови, во различно време.

Од септември, со учениците со попреченост , покрај наставниците, во ресурсните центри ќе работат обучени образовни асистенти. Предвидени се 500 да бидат распоредени низ целата држава.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе